“Директорот на Градската Општа Болница и управата вршат директен мобинг врз мојата сопруга која е ОФТАЛМОЛОГ таму, и ја притискаат да оди на работа, а не да чува дете, спротивно на сите протоколи и правила!
Ја ставаат на списоци, и вртат на телефон!”, објави лекарот Ненад Лазаров кој ја координира акцијата со која сите матични лекари кои сега се вклучени во битката со Коронавирусот да добијат заштитни визири.

Лазаров бара здравствените власти да се почитува владината мерка со која еден родител на дете до 10 години може да остане дома.

“Јас сум СЕКОЈ ДЕН во ординација како матичен лекар, координирам акција за визири за цела фела за цела држава,
ЌЕ ЈА СУСПЕНДИРАМ АКО ВЕДНАШ ЦЕЛА АКЦИНА ВЕДНАШ АКО ОДМА НЕ ПРЕСТАНЕТЕ И ПОЧНЕТЕ ДА ПОЧИТУВАТЕ И ЧИТАТЕ ЗАКОНИ!”, порачува Лазаров кој бара властите да му кажат на Костов да седне да прочита закон и правилник, и дека болницата не е му е семејно наследство!

Костов се обидел неуспешно да го реши проблемот со директорот на неговата сопруга но не успеал.

“Срам и арам да ви е, ако седнам ја дома дете место неа да чува, илјадници лекари без визири ќе истанат, а сторици пацоенти без матичен лекар, СВЕСНИ ЛИ СТЕ КОЈА ШТЕТА ЈА ПРАВИТЕ!”, пишува револтираниот лекар.