Државната комисија за спречување на корупција отворила постапка по допрен глас против обвинителката Лиле Стефанова која во периодот 2015-2016-та година се стекнала со имот, стан на кој продавач е компанијата Адора Инжењеринг во сопственост на Ванчо Чифлиганец,пренесе Инфомакс.

Се работи за имот вреден 70 илјади евра, поточно стан купен на име на нејзината невработена ќерка кој бил исплатен во период од една година.

Во случајот како купувач на станот се јавува лицето Рената Стефанова од Радовиш, ќерка на Јавната Обвинителка од Радовиш, Лиле Стефанова. За ова склучен е Договор за купопродажба на недвижност склучен помеѓу Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје , како продавач и Стефанова Рената од Радовиш како купувач.

Повеќе информации на овој линк