Контрапротестанти и скршиле рака на сопственичка на узурпиран имот во Градиште (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Едно лице е потешко потврдено во инцидентот што се случил во автокампот Градиште во Охрид каде со години се води оравна битка на сопствениците за враќање на национализирабиот имот.

Откако сопствениците кои имаат судска пресуда но не можат да ги повратат имотите во владение почнаа да протестираат за спроведување на судските одлуки луѓето кои сега го стопанисуваат атрактивниот автокамп организирале контрапротести.

На последниот протест на сопствениците што се одржал вчера се случил инцидент во кој со тешки телесни повреди се здобила една од демонстрантките кои со години не можат да го вратат својот имот.

По инцидентот се очекува охридската полиција по службена должност да поднесе кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда против лицата: Крсте Велјаноски управителот на фирмата МПМ Нова Трејд која стопанисува со авто камп Градиште и Бени Ѓурчиновски закупец на камп приколка и организатор на контрапротестот во Градиште.

Според сопствениците на имотот во Градиште двајцата кои ќе добијат кривична пријава донесле “толпа со тепачи кои го турнале транспарентот ПРАВДА ЗА ГРАДИШТЕ – вратете ни ги имотите”, и предивикале инцидент во кој на една од демонстрантите – сопственик и била скршена раката.

Според членот 131 од Кривичниот законик на Република Македонија во зависност од начинот на кој ќе се третира тешка телесна повреда може да донесе до 10 години затвор.

Тешка телесна повреда
Член 131

(1) Тој што друг тешко телесно ќе го повреди или здравјето тешко ќе му го наруши, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

(2) Тој што ќе го стори делото од став 1 при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор од една до пет години

(3) Тој што друг тешко телесно ќе го поврди или здравјето тешко ќе му го наруши и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или некој важен орган
или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден, ќе се казни со затвор од една до десет години.

(4) Ако поради тешката телесна повреда од ставовите 1 до 3 повредениот ќе умре,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку една година.

(5) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(6) Тој што делото ќе го стори на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со налад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на повредениот, ќе се казни за делото од ставовите 1 и 2 со парична казна или со затвор до три години, а за делото од ставовите 3 и 4 со затвор од една до пет
години.

Фото галерија