Контра на кампањата „Ние сме Европа“: Ѝ се прди на Европа за вас!

Не помина ни ден откога владиниот Секретаријат за европски прашања ја промовира кампањата „Ние сме Европа“ стигна одговор на Твитер во вид на контраплакат со славната реплика „Ѝ се прди на Европа за вас“ на Димитрија од „Диво месо“ на големиот македонски драматург Горан Стефановски.

Целата реплика на Димитрија, како создадена за кулминацијата на притисокот од сите страни, однадвор и одвнатре, за промени на Уставот заради впишување и на Бугарите во него:


„А ти ако сакаш да разградуваш, марш надвор и не враќај се! Изрод еден!

Да знаев какви ќе излезете, ќе ве издркав во кенеф!

Ебави младоста. Сè ќе запустите.

Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите, ни во телата.

Сè на своја рака… со првиот ветер како муви без глава… мислите сè што лета се јаде.

Европа ве бара!

Ѝ се прди на Европа за вас!

Воздивнувате по Германија а таткото што ги изгубил нозете да направи куќа е помија кој не знае два и два. И им пречи на Европјаните да прават кариера!

Не знаете да се чувате… живеете на вересија…. ќе загинете по некои дупки… ќе ве изедат пајажини…

Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас!

Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење!“.