Откако повеќе институции меѓу себе ја префрлаа одговорноста за аферата “Ерменскиот Вице Заев”, вицепремиерот за евроинеграции Никола Димитров јавно побара новинарите да истражуваат како Миле Миленковски воопшто заминал во мисијата во ОБСЕ а МНР и министерот Бујар Османи знаеле дека кон него се води истрага.
Со тоа Димитров го впери прстот кон министерот за надворешни работи Бујар Османи кој потпишал Миленковски да замине за заменик шеф на мисија.
Со повикот Димитров ги актуелизира тврдењата на екс министерот Антонио Милошоски кој предходно откри дека Бујар Османи на барање на Заев го испратил актерот во Ерменската афера во Виена.
Османи засега молчи.
Конфликтот во владата се вжештува откако емисијата Код вчера објави нови детали за скандалот.
Целата изјава на Димитров
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/546862019755123/