Mеѓународна научна конференција на тема „Првата светска војна и излегувањето на Бугарија од неа (1918)“ се одржува денес и утре во Нов Дојран.
Настанот се одржува под покровителство на претседателот на Националниот комитет за 100-годишнината од Првата светска војна, Красимир Каракачанов – вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија.
Во мотелот „Истатов“ каде се одржува конференцијата за време на петте пленарни заседанија ќе продефилираат неколку десетици научници од 6 држави од кои повеќето се од Бугарија.