Новиот автопатот Миладиновци-Штип, ќе биде пуштен во употреба неделава најави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.
„Оваа недела ќе биде пуштен автопатот. Вчера бев лично на увид, за две дена завршуваат последните метражи и последниот дел на поставување на заштитна мрежа. После тоа ќе може да се пушти во сообраќај, со тоа што на две места од по 100-200 метри ќе има времен режим на сообраќај, бидејќи надвор од автопатот ќе се работи во близина на автопатот“.
Китанов истовремено соопшти дека во текот на летото ќе започне изградбата на патарините, денеска во Куманово, пишува СДК.