Конечно почна чистењето на опасниот линдан од „Охис“

Конечно започнува долгонајавуваното чистење на малата депонија во поранешниот хемиски гигант „“Охис каде е складирана опасната материја линдан. Помалку од три месеци до локалните избори надлежните се фатија за работа – дали позади ова стои трка по политички поени или интересот на граѓаните за кои кругот на Охис како темпирана бомба е закана за нивното здравје? Инаку за сега нема најава за чистење на големата депонија, приоритет била малата. Линданот ќе биде транспортиран во Франција, а загадената почва во Холандија – спакувани во непропустливи кентејнери согласно Конвенцијата од Базел и ЕУ-регулативите. Од депонијата треба да бидат исчистени 700.000 тони контаминирана почва а изведувач ќе биде компанијата „Полиеко“. За овој процес Кралството Норвешка донираше 1,5 милиони евра, Владата учествуваше со 1,7 милиони евра.

Видео.

Извор: Алфа ТВ.