Изгаснат е пожар кој попладнево ги зафати бараките каде е сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека нема голема материјална штета, ниту повредени или жртви. Огнот зафатил и дел од хотелот Томче Софка.

Пожарот бил пријавен околу 16 часот.