Грац во наредните четири години ќе го управува Елке Кар од Комунистичката партија на Австрија (КПО), која триумфира на локалните избори во главниот град на покраината Штаерска со 29,11 проценти добиени гласови.
„Прелиминарните резултати од изборите се огромен успех за нас и повеќе од радувачки. Не очекував дека ќе добијам толку гласови. Можам само илјада пати да им се заблагодарам на сите што ми ја дадоа довербата. Сакаме иднина во нашиот град, каде што секој треба да има свое место“, изјави Кар.
Австриската народна партија (ОВП) на досегашниот градоначалник Зигфрид Нагл, кој раководеше со Грац во последните 18 години, заврши втора со 25,66 отсто, дури 12 отсто помалку од претходните избори, нејзин најлош резултат што кога и да е го остварила во овој град.