Уште еден скандалозен тендер од министерство предводено од министер од ДУИ кој најдобро се објаснува со народната изрека ,,Компир гледам, месо вадам” која асоцира на ситуација во која едно се гледа а друго се прави.

Според тендерот за кој нема објавена цена што е законска обврска Министерството за надворешни работи на Бујар Османи бара фирма за ,,услуги за дизајн и адаптација на визуелно решение за ПФД -Форум за сите потребни форми на презентација за настанот и изведба на сценографски елементи”.

МНР која воопшто не кажува за кој настан се зборува, иако бара фирма за дизајн во исто време бара фирмата да има шифра со дејност која е сосема различна од тоа што се бара како услуга.

Османи и неговите луѓе бараат шифрата на дејност да биде 73000000-2 односно ,,Услуги за истражување и развој и сродни консултантски услуги”.

Доколку во тендерот е се чисто тогаш МНР ќе бараше услови од фирма чија основна дејност е дизајн и визуелни работи односно која ја има истата шифра како бараната услуга.

Вака МНР речиси отворено покажува дека тендерот е конципиран со цел да го добие фирма која ги исполнува двата критериуми иако тие се делумно спротивставени еден на друг.

Во јавноста веќе се шпекулира дека целта на МНР и Османи е тендерот да го даде на фирма блиска на власта која за владина прошетка и презентација лани наплатила огромни сума пари.

Многумина во бизнис заедницата сметаат дека со вака поатавени услови без притоа да се наведе рамковна цена на тендерот тој се смета за веќе наместен и не гледаат логика други фирми да поднесат понуди.

Целиот тендер во продолжение:

I.1) Податоци за договорниот органI.1.1) Назив на договорниот орган: Министерство за надворешни работи на Република ѕ. МакедонијаI.1.2) Адреса: Филип Втори Македонски бр. 7I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000I.1.4) Интернет адреса:I.1.5) Лице за контакт: Зоран Богоески , адреса на е-пошта:[email protected] телефон/факс: 023110333/I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адресаI.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи – Општи јавни услугиДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА

II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Набавка на услуги за дизајн и адаптација на визуелно решение за ПФД -Форум за сите потребни форми на презентација за настанот и изведба на сценографски елементи
II.1.1) Објавување на проценета вредност НеII.2) Вид на договорот за јавна набавка: Услуги – Категорија на услуга број: 13

Рекламни услуги
Консултантски услуги НеМесто на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: МНРII.3) Секторски договор НеII.4) Централно тело НеII.5) Групна набавка НеII.6) Електронски каталог: НеII.7) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Набавка на услуги за дизајн и адаптација на визуелно решение за ПФД -Форум за сите потребни форми на презентација за настанот и изведба на сценографски елементи, согласно техничка спецификација.II.8) Заеднички поимник за јавни набавки: Да

Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник
Шифра Опис
73000000-2 Услуги за истражување и развој и сродни консултантски услуги

II.9) Делива набавка НеII.10) Рамковна спогодба: НеII.11) Алтернативни понуди НеII.12) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 12
II.13) Претходна проверка на пазарот? НеДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Поедноставена отворена постапкаIII.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: НеIII.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена

Линк до тендерот

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/d012035a-bcf3-4ca7-b906-39ddd72de7af/14