Навивачката група „Комити“ денеска се прости од Љубисав Иванов-Ѕинго, првиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) по осамостојувањето (1993-1999), поранешен пратеник, претседател на Социјалистичката партија на Македонија кој почина на 84 години.

“Бог да го прости Љубисав Иванов…Ова не е препеаната песна за Миле Поп Јорданов, која западот во полн сјај ја пееше, исполнет, сите со свеќи во рацете, назад во 90-тите…а денес е сеќавање на една борба со лик кој имаше различни сваќања за фудбалот од останатите, и од навивачите… Вардар го надживеа, го надживеавме и ние, така ветивме, така и се случи, но сега се му простуваме…Ќе ти прости и небесниот наш Коп, затоа што сеќавањата на тие времиња не ни оставаат простор за ништо друго освен чувство на носталгија за убави моменти… Почивај во мир Ѕинго…“, стои во соопштението од Комити.