Собраниската комисија за европски прашања не прифати ниту еден од поднесените над 1000 амандмани на Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за државјансдтва, објави синоќа претседателот на Комисијата, Арбр Адеми. По завршувањетро на вториот ден од расправата.
„На крај, со мнозинство гласови беа донесени одлуките од страна Комисија“, констатираше Адеми.
Предлог-законот сега оди на пленарна седница во Собранието.
Ако биде усвоен, измените предвидуваат 16 начини за стекнување со македонско дтжавјанство, како на пример сметка за струја, вода, документ од преглед кај лекар, штедна книшка… но не и потврда дека го говори македонскиот јазик.
