Докторот Мухамед Асани е член на Извршниот одбор на Лекарската комора која формираше комисија да му ја испитува работата.
Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека објавувањето на извештајот во целост ќе ја наруши приватноста на пациентката Јалдз Веапоска на која Асани и извадил 3 здрави органи од телото.
Меѓутоа, дури ни нејзиниот адвокат од адвокатската канцеларија Јанев, не може да го добие истиот извешттај, иако им доставил полномошно на експертите од Лекарската комора.
„Објавувањето на извештајот во целост е спротивно на Законот за заштита на права на пациенти. Извештајот кој содржи лични податоци за пациентката како и текот на нејзиното лекување, единствено може да го добие лично пацинетката, член од нејзиното семејство кое ќе добие полномоштво од пациентката како и надлежни институции. Што се однесува до членовите на Комисијата кои го извршиле стручниот надзор, истата ја формира Лекарската комора на РМ.
Нивните имиња засега се чуваат во најголема тајност.
Повеќе на овој линк на СП