Комисијата за мандатно имунитетни прашања денеска му препорача на Собранието да му биде одземен мандатот на пратеникот Никола Груевски.
Заодлуката гласаа пет членови на комисијата , а пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седицата.
„Денеска се врши политички прогон. Не е докажана штетата по државата ниту материјална корист. Во тоа возило денес се возат меѓународни и домашни гости“, рече пратеникот и поранешен спикер на Парламентот, Трајко Вељаноски, според кој целата процедура е „монтиран политички процес“.
За одземање на мандтаот потрено е 2/3 мнозинство во парламентот или 80 пратеници да гласаат „за“.