Командантот на Лавовите со честитка до специјалците од ЕБР: Произлегоа од нашите редови а се срамат од нас

Првиот и последен командант на Единицата за брзи интервенции – Лавови која беше активна во воениот конфликт во 2001 година упати честитка до специјалната единица ЕБР.

Генералот Горан Стојко во честитката се заблагодарува и во исто време критикува:

“Сакам да им го честитам денот на ЕБР – Единицата за брзо распоредување, и воедно сакам да им се заблагодарам за искажаната доблест, да кажат дека потекнуваат од ЕДИНИЦАТА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ – ЛАВОВИ (иако името Лавови не го спомнаа во говорот), но сепак прв пат некој после толку време не спомна
(иако никој не беше поканет од нас на прославата, вклучувајќи ме и мене како прв Командант на Единицата, иако се срамат од нас, а не се срамат од некои други, сепак нека ни е, и нека им е вечен празникот на сите поранешни, сегашни и идни припадници на Единицата. И нека им е вечна слава на сите загинати припадници во овие 20 години).
” БОРИ СЕ КАКО ЛАВ ЗА МАКЕДОНИЈА ”
” СЕКОГАШ СЕКАДЕ”, пишува Стојкова кој беше Генерал – Мајор како Командант на Лавовите.