„Кога премиер (без да добие легитимитет на избори) ви е домаќин човек со убава и успешна жена, а притоа и мајстор за палачинки – не очајувајте! Ако немате за леб, струја, станарина и слично, свртете некоја палачинка. Дури и ако немате со што да ја намачкате… битно е да живеете здраво и евтино. Само следете го примерот на премиерот; за рекреација (ако се прејдете) следете го примерот на првиот вицепремиер (немојте да го следите вториот – ем е скапо ем нема да ги добиете посакуваните резултати). Единствено не знам дали имате јајца. Незамрзнати, се разбира…”пишува Билјана Ванковска.
„Се обидувам да се шегувам за најсериозните работи – егзистенцијата и благосостојбата на човекот, на секој од нас. Деновиве, особено по објавувањето на одлуката на Уставниот суд за укинување член на закон со што се овозможува зголемување на платите на функционерите за неверојатни 78 отсто, се изначитав духовити коментари. Еден од нив гласеше: „Е па, ајде и на наша глава!“ Колега напиша: „Нов проект на Северна МакедоЊа: 78 проценти поблиску до ЕУ, а цената на јајцата ни е замрзната!“ Иљче Затарковски ќе напише на Фејсбук: „Ако работите вредно, посветено, не јадете и не трошите на ништо, за 3 месеци ќе го заработите покачувањето што го добија функционерите. За цела плата ќе ви требет уш 7-8 месеци и, вака-така, поминала годината“.
Целата колумна на Ванковска на следниот линк.