Колумна на Славески: Безумно расфрлање „пари од хеликоптер“

Во економската теорија има неколку случаи кога државата „истура” пари врз своите граѓани.

Првиот случај се однесува на т.н. „Пари од хеликоптер” (Helicopter Money), идеја што му се припишува на Нобелобецот Милтон Фридман. Означува печатење дополнително количество пари од страна на централната банка и нивно дистрибуирање до населението (во форма на чек по пошта). Неопходен услов за примена на оваа препорака е економијата да се наоѓа во рецесија (негативни стапки на раст на БДП) и каматните стапки да се блиску до нулата.

Дали во моментов во Република Македонија се задоволени условите за примена на препораката за расфрлање „Пари од хеликоптер”? Не, не се! Не е задоволен ниту еден потребен услов.

Со оглед на режимот на де факто фиксен девизен курс, Народна банка на Република Македонија не смее да прибегне кон ваква инфлаторна мерка. Понатаму, ниту економијата е во рецесија (или криза, како што сака да нѐ убеди Владата), ниту каматните стапки се блиску до нула. Напротив!

Линк до целата колумна на Плус инфо на Трајко Славески: https://plusinfo.mk/bezumno-rasfrla-e-pari-od-helikopter/