Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, се пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла во колумбиската провинција Какета.

По двонеделна потрага, децата биле спасени од припадници на армијата, пожарникарите и цивилната авијација.

Спасувачите, со поддршка на кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунгла.

Несреќата се случи на почетокот на мај, кога авион „Цесна 206“ со седум лица се урна во џунглата меѓу Аракуара, провинцијата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавиаре, град во провинцијата Гуавиаре.