Професорката Катерина Колозова објави дека до менаџментот на Фејсбук за директни закани кон неа за силување и други видови закани за насилство пријавила десетици луѓе од Македонија.
“Сите што сте се заканиле преку филтрирани пораки, сите што сте навредиле, сите сте пријавени, заедно со проминентната професорка по gender која у слободно време ме манијачи со пораки место јавно да ми каже дека сум соросоидна предавничка. Што да прави пустата, и нивната катедра на Филозофски немаше да постои да не беше Сорос. ПС ве пријавив на Марк, не у полиција. Не верувам у судења и затвори за говор на омраза (не верувам дека било кој треба да иде у затвор за било каков говор), ама верувам дека имаат право да ве плеснат по устата (банот што ќе си го добиете од Марк Цукерберг). Особено професорката-кукавица”, напиша професорката Колозова која што беше мета на напади и критики откако кажа дека го поддржува договорот со Грција затоа што со него се признава македонската нација и јазик.