Седум лица, вклучително и напаѓачот, биле убиени вчера при пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо.
Според извештаите на медиумите, напаѓачот кој бил во врска со една од жртвите, дошол на прославата која се одржувала во камп-приколка и започнал да стрела.
Меѓу жртвите е и славеникот…
По пристигнувањето на местото на злосторството полицијата открила шест мртви лица, додека седмиот им подлегнал на повредите во болница.
