Дали некои од издадените 215 македонски пасоши завршиле кај членови на ИСИС?

Постои ли можност меѓу лицата кај кои завршиле издадените пасоши на министерството за внатрешни работи во периодот од декември 2017 година до јануари годинава да има и членови на исламската радикална организација ИСИС (ИСИЛ).

Најмалку двајца членови на ИСИС кои се корисници на македонски пасоши добиени во време додека министер е Оливер Спасовски се следени од пријателски странски служби во периодот пред да ги добијат патните исправи од македонското МВР, брифираат добро информирани извори во служби што се грижат за безбедноста на држави во регионот и пошироко.

Некои од лицата кои биле под безбедносен мониторинг поради своите радикални идеолошки и политички идеи и опасност да преземат сериозни терористички напади на необјаснив начин во одредени периоди исчезнале од радарот на пријателските тајни служби.

По откривањето на скандалот со пасошите на институцијата што ја води министерот Спасовски претпоставката е дека со помош на македонски патни исправи дел од овие лица успеале да се скријат од западните безбедносни системи зад имињата на Македонци од Албанија или Македонија.

Колкав е бројот на лицата кои освен со продажба на дрога имале и други радикални политички цели или биле дел од терористички ќелии ќе се дознае откако сите носители на македонски пасоши ќе бидат проверени од пријателските служби.

За Македонија ќе биде многу опасно доколку некои од носителите на македонските пасоши во меѓувреме направат некаков терористички напад или обид за нарушување на јавното здравје, затоа што тогаш македонските власти ќе мора да дадат одговори од јавноста во земјите каде избегале “македонските” државјани, тврдат добро упатените извори.

Најголем проблем властите во ЕУ и во други земји каде мафијашите заминале со македонски пасоши ќе имаат со тие што патните исправи ги искористите само за влез а потоа ги уништиле и веќе не ги користат.

Деновиве поголем број земји пријатели го поставуваат и прашањето дали се работи само за 215 лажни пасоши колку што Спасовски пријавил во Интерпол или бројката на криминалци кои со македонски патни исправи во светот е двојно или тројно поголем.

Посебна тема на интерес за пријателските служби и влади е зошто ако навистина истрагата траела цели две години, како што тврди Спасовски, не е запрен процесот на издавањето пасоши и со тоа МВР директно работело на безбедноста на странски држави.

Спасовски и неговиот шеф во Владата и партијата СДСМ допрва ќе треба да обезбедат соодветни одговори на домашната и меѓународната јавност и медиуми.

Според владата не се ииздавани паоспи на борци на ИСИС

Владата демантира дека терорист на ИСИС добил македонски пасош