На следната владина седница, која е најавена за среда среда, официјално ќе се одреди сумата која ќе се оддели за кампањата за референдумо, откако од министерствата беше побарано да достават информација колку од буџетските средства што им се ставени на располагање, можат да ги пренаменат за кампањата.
Досега, само од Министерството за беше соопштено дека ќе одвојат близу 60 милиони денари (1 милион евра) за кампањата.
Од другите министерства на два дена пред седницата на владата, нема никакви информации за ова.
Кампањата ќе биде информативна со цел да се споделат информации од јавен интерес околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ.