Александар Трајановски, советник во Град Скопје, реагираше на објавата на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи се пофали со набавени над 130 комунални возила и автобуси во еден мандат.

Трајановски вели дека само некој што е очаен за политички поени би повлеков 30 автобуси од возен парк за сликање и за фалба.

„Браво липицанери одличен ПР. Да повлечеш 30 автобуси од возен парк за сликање треба стварно да си очаен за политички поени. Се во служба на фалбата“, реагира Трајановски.