Расте инфлацијата во Европа. Во мај инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) беше 8,8 отсто, а во еврозоната 8,1 отсто.

Податоците ги објави Евростат. Најголемо учество во мајската инфлација има енергенсите – 3,87 отсто, потоа храната, алкохолот и тутунот – 1,59 отсто, како и услугите – 1,46 отсто. Двоцифрена инфлација има во Хрватска, Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија, Холандија, Полска, Романија и Словачка. Најниски стапки на инфлација има во Франција и Малта – 5,8 отсто и Финска 7,1 отсто, а највисоки во Естонија 20,1 отсто, Литванија 18,5 отсто и Летонија 16,8 отсто. Многу од земјите се соочуваат со инфлација каква немале со години и децении.