Вчера владата ја замрзна цената на белиот леб која сега може да биде максимални 33 денари по што денеска во голем број на пекарници и фирми кои продаваат леб го немаш овој стратешки производ.
Оваа ситуација наметнува потреба од анализа на пазарот на леб која покажува дека постојат фирми кои и досега продаваа леб со пониски цени од тие што ги дозволува владата и заработуваат.
Скопската фирма за бели пецива и леб ,,Вегера” која не добива субвенции за струја со месеци продава бел леб за цена од 29 денари.
Оваа цена по која се продава квалитен леб во релативно мала компанија го отвара прашањето колкава е маргината на профит кај големите мелничарски гиганти кои за една година ги зголемија цените на лебот и белите печива до сто денари.
Ако Вегера има профит од неколку денари на цена од 29 денари тогаш не е тешко да се претпостави дека кај фирмите кои лебот го продаваат по двојно и поскапи цени профитот може да оди и до 10 до 30 денари за еден леб.
Дополнително големите фирми во бизнисот со леб од државата добија и субвенции за струјата што профитот во овој бизнис го прави уште повисок.