Околу 1 тон кокаин заплени полицијата во последните четири месеци во пристаништето во Драч, вели министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледи Чучи.
Реакцијата на министерот доаѓа откако полицијата во вторникот заплени околу 12 килограми кокаин во контејнер со банани од Еквадор.
Заплената на толкава голема количина кокаин за само 4 месеци министерот ја објаснува со засилената борба против организираниот криминал
Толку запленет кокаин е показател за големиот обем на сообраќај што минува низ Албанија и исто така и за големата моќ што веќе ја имаат организираните криминални групи.
Ова е четврта полициска акција во Драч од април, во која се запленува дрога, а во претходната акција се запленети 200 килограми кокаин, што требало да стигне на Косово.
