Руското злато и натаму завршува на европско тло. Швајцарија увезла над три тони.

Земјата во мај увезла злато од Русија, првпат од февруари, објави агенцијата „Блумберг“. Тоа претставува околу 2 отсто од вкупните златни прачки во земјата во мај.

Швајцарија е најголем преработувачки центар кој обработува две третини од светското злато.

Лондонската асоцијација за пазар на благородни метали претходно ги суспендираше сите руски компании за преработка на злато и сребро од листата на одобрени добавувачи, информира „Раша тудеј“. Можно е наскоро ЕУ да воведе санкции за руското злато. Досега поради војната во Украина, Русија претрпе серија санкции.