Која е улогата на Сорос Јуниор во “Мини Шенген” проектот

Косовскиот весник „Бота сот“ се осврнува на темата за „Александар, синот на Џорџ Сорос, присуствуваше на Форумот на ‘Отворениот Балкан’ во Скопје“.

На Економскиот форум на „Отворениот Балкан’“ во Скопје присуствуваше и Александар Сорос, син на познатиот американски финансиер со унгарско потекло Џорџ Сорос, кој е и заменик-претседател на Фондациите ‘Отворено општество“ – објави косовскиот весник „Бота сот“ во информацијата под наслов „Неочекувано! И синот на Сорос учествуваше на ‘Отворен Балкан“.

Бота сот“ пишува: „Преку социјалната мрежа ‘инстаграм’ Александар Сорос, објави фотографии од средбата меѓу тројцата лидери, Заев, Рама и Вучиќ, на која потврдува дека бил присутен и во Скопје, каде што се одржа состанокот.“

Весникот не објави други детали поврзано со ненадејното и загадочно присуство на Александер Сорос на „Отворениот Балкан“ во Скопје, кој претставува договор за регионална соработка, потпишан од Албанија, Македонија и Србија, додека Косово одби да се приклучи кон договорот.

Во новинарскиот бележник остануваат запишани средбите на Александар Сорос со Зоран Заев во 2019 и во 2017 година. Поконкретно во врска со средбата на 11.11.2019 година на лидерот на СДСМ Заев со синот на Џорџ Сорос од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека „премиерот Зоран Заев имал тајна средба со Александар Сорос“. Но, од Владата имаа одговорено дека таа средбата не била тајна, туку „премиерот се консултирал со Александар Сорос токму во врска со ‘Малиот Шенген“, вчера операционализиран како ‘Отворен Балкан’.

По овие тогашни обиди од Владата да објаснат околу целта на таа средба и разговори, од ВМРО-ДПМНЕ поставија и прашање: дали Александар Сорос му е нов советник на Заев? Тогаш ВМРО ДПМНЕ објави и соопштение, во кое истакна: „Што била вистинската причина за средбата со Алекс Сорос?

Образложението на Владата дека разговарале за ‘Малиот Шенген’ со Србија и Албанија сега се чини логично но и ја поставува дилемата дали тоа значи дека Александар Сорос навистина е нов советник на Зоран Заев затоа што координацијата со него доведе до имплемантациј на проектот?

Од предходно се знае дека Еди Рама е во блиска релација со фондацијата Сорос.

Името на Џорџ Сорос се поврзува со бројни афери, матни финансиски зделки, и активности во однос на демократијата во одредени земји.“

По вчерашната епизода од Мини Шенген се наметнува пак истото прашање: која беше целта на доаѓањето на Александар Сорос вчера во Скопје? Со кого и што разговарал? Дали можеби тој бил „иницијалната каписла“ за раѓањето на „Отворениот Балкан“?