Советничката на ГРОМ која единствена останала на седницата за промена на ДУП во општина Карпош со која изградба на згради треба да уништи детски парк и зеленило е лекарката Добрила Андоновска.

Според сведоци на седницата на советот на општина Карпош каде се случи хаос за промена на ДУП кој треба да уништи околина која ја користат илјадници луѓе, единствената советничка која била за предлогот на градоначалникот Стевчо Јакимовски спроти студентскиот дом Гоце Делчев да се уништува зеленило била лекарка која е од партијата на Стевче Јакимовски ГРОМ.


Нејасно е зошто лекарката Андоновска која важи за почитувана во својата општина сакала да гласа за скандалозен план на Јакимовски за изградба на голем број згради кои треба да уништат зеленило кое го користат деца и други граѓани.

За планот на Јакимовски во јавноста има сомнеж за сериозни индиции за корупција и криминал.

На крајот Андоновска сепак не гласала за ДУП-от туку и таа како другите советници на ГРОМ ја напуштила седницата.

,,Како загрижен граѓанин до сега бев на седница на совет на општина Карпош. Точка на дневен ред “НОВ ДУП во Карпош“. Одоговорно тврдам дека ЕСДЕЕС ДПМНЕ ЛЕВИЦА и НЕЗАВИСНИ едногласно гласаа ПРОТИВ ДУПОТ.

(дополна детално околу седницата) Стефче ја започна седницата со краток говор во кој кажа дека Седницата се прекинува и се одложува за нареден период, после што ја напушти говорницата, за да Претседателот на советот од Левица (се извинувам не му го знам името) откога Стефче напушти, соопшти дека Претседател на ОПШТИНА не закажува седници, единствено може да ги тргне точките од дневен ред предложени од неговата партија. И така седницата продолжи без Стефче и неговите пулени освен докторката Добрила Андоновска.

Битно е да напоменам дека со одењето на Стефче и камерите беа повлечени и седницата е евидентирана само со АУДИО ЗАПИС. Сирот Претседателов од ЛЕВИЦА, остана сам бидејки администраторите заедно со СТЕФЧЕ напуштија сала, и тој самиот мораше и да чита и да брои гласови и да трпи све тоа што таму се случи… А се случи тоа што пишав погоре, СИТЕ ЕДНОГЛАСНО БЕА ПРОТИВ ДУПОТ освен ГРОМ кои не беа ПРИСУТНИ или напуштија седница освен докторката, која пак кога се гласаше за дупот и таа не беше присутна. Толку… Ако грешам нешто нека ме порават тие што беа таму…”, пишува за настанот Јохан Елзесер скопска урбана легенда и член на партијата ,,Твоја”.