Членка на партијата на Ковачевски од општинскиот комитет во Карпош ја загуби битката со снимателите на македонските медиуми и се повлече од обидот да биде активен дел од прошетката на премиерот низ продавницата што денеска тој ја посети.
Разговорот меѓу новинарот на Макфакс и членката на СДСМ што подготвено го чекаше премиерот да дојде на штандот за брашно течеше вака:
Госпоѓо вие спремна чекате за селфи со премиерот?
– Не, јас за општинска си правам. За Карпош, за СДСМ”, одговори жената која најверојатно била испратена од својата партија да направи видео или требаше да го фали премиерот.
Откако беше фатена од новинарите обидот за пропаганда на СДСМ неславно пропадна.
Госпоѓо вие спремна чекате за селфи со премиерот?
– Не, јас за општинска си правам. За Карпош, за Сдсм 😂🤦♀️#брука #ПрТаче pic.twitter.com/dzQxHiXgno— Бемка (@B1PcG6cyiRrcoTr) March 28, 2023