Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска обвини дека проблемот со рудникот Иловица го создал ВМРО-ДПМНЕ со издавање на концесија во време на претходната влада.
Но Ковачевски очигледно не знае или не сака да знае дека неговата партија СДСМ е таа која прва дала концесија за отворање на рудник во Иловица.
Концесијата за Иловица за прв пат е дадена во 2006 година од владата на премиерот Владо Бучковски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Ова е документот за концесијата која СДСМ ја дала на рудник во Иловица уште пред 17 години.
,,Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ВМРО – ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски и негов советник Христијан Мицкоски којшто сега е претседател на оваа партија. Заради тие одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти. СДСМ од прв ден бил против тие рудници, а СДСМ и денес е против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
Ковачевски потсети дека од носењето на одлуката и доделувањето на концесиите од страна на Владата на ДПМНЕ не се отворени рудниците затоа што Владата на СДСМ води постапка за да не бидат отворени.
Документот од 2006 година јасно укажува дали дека Ковачевски не ја говори вистината.