Кој тоа гради џамија во Злокуќани!?

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски за утре (10 јануари) закажал средба со претставници на бесправната градба на џамија во населбата Злокуќани, дознава Вечер.

Први за градбата во општина Карпош реагирале мештаните, зашто градежните активности се одвивале од рано наутро до доцните вечерни часови.

Од Исламската верска заедница во контакт  велат не знаат за никаква градба на џамија на посочената локација и дека муфтијата е на пат и повторно да ги побараме во вторник.

Станува збор за Албанци по националност, но кои отворено не зборувале за својата верска определба, а со тоа ни за верата која би се практикувала во џамијата.