Кој плаќа за скапата струја од силните рефлектори на споменикот на УЧК во Слупчане

Судирот меѓу жителите на Слупчане и екипите на ЕВН за со години неплатените сметки за струја во ова кумановско село на површина извади и едно друго прашање кое досега никој не го споменуваше и за кое без да знаат најверојатно плаќале сите граѓани на Македонија.

Дилемата е кој плаќа за скапата струја од силните рефлектори на споменикот на УЧК во Слупчане.

Споменикот на УЧК кој го отвори Али Ахмети и врвот на ДУИ пред две години чинеше фантастични 200 илјади евра е дивоградба затоа што нема градежна дозвола и соодветна документација од надлежните институции.

Тоа не му сметаше да биде еден од најдобро осветлен споменик во Македонија и регионот.

Со оглед на тоа што со години во селото никој не плаќал струја извесно е дека и струјата што се троши на силните рефлектори за осветлување на споменикот на УЧК плаќале сите македонски граѓани.

Со оглед на огромниот број силни рефлектори поради кои споменикот е видлив на далечина од неколку километри на годишно ниво се работи за илјадници евра постепена струја која на крајот некој мора да ја плати.

Засега тоа сигурно не се жителите на Слупчане.

Објавена е целата листа со барања на Слупчанци, бараат статус на привилегирана каста