Кои политичари освен Заев, Зекири и Рашковски не беа на роденденската забава на СДСМ

Покрај екс лидерот Зоран Заев од непознати, екс потпретседателот Мухамед Зекири од познати причини (се наоѓа во притвор за криминал од еден милион евра) и екс генсекот на владата Драги Рашковски кој се гони за корупција од ЈО, на роденденот на СДСМ вчера не се појавија уште неколку важни политички фигури кои ја водеа партијата последните десетина и повеќе години.

На сликите ја нема и екс заменичката на Заев Радмила Шеќеринска која во партијата е речиси три децении.

На сликите објавени од партијата ја нема ниту екс министерката и техничка вицепремиерка Мила Царовска.

Меѓу тие што претседаваат со роденденот и тие што седат во првите редови го нема и екс потпретседателот Коста Петров.

Од другите видни ликови на СДСМ од последниве пет години ги нема екс министрите за здравство Венко Филипче и Рената Десковска.

За разлика од неколку министри кои седат во првиот ред министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со екс министерот за транспорт Бочварски седи во вториот ред што исто така може да биде сигнал за состојбите во партијата.

За разлика од него министерот Љупчо Николовски е меѓу тие што ги пречекуваат гостите и лидерот Ковачевски според една од објавените фотографии.