По Нова година ќе се плаќа поголем данок за увоз на постари автомобили, предвидува законот што влезе во Собрание и треба да ја мине собраниската процедура до крајот на годинава.

„Со новиот закон дефинитивно се водиме од еколошките параметри и тоа мораме и требаме да го направиме, бидејќи поминуваме на едно повисоко ниво и во делот на еколошката заштита во увозот и купопродажбата на моторни возила. Ако досега стапките биле 18 отсто, отсега ќе бидат 20 отсто во делот на даноците“, нагласи Заев.

Според премиерот, нема големо покачување, но има демотивација за купување на стари возила, кои функционираат согласно лошите еколошки стандарди.

Воведување данок на возила и зголемување на надоместоците кои се плаќаат при увоз на стари возила, се дел од мерките кои се предвидуваат за намалување на емисијата на гасови, но и за обнова на возниот парк.