Пропагандниот јуришник на СДСМ Саше Политико попладнево наметна дилема дали денешниот текст во кој таргет е францускиот амбасадор Тимоние е негов личен став или тој испраќа тајни пораки од највисоките ешалони во македонската влада.

Саше Политико во текст со наслов “Кој е гробарот на Европскиот сон на земјава” денеска го обвини Тимоние дека пред да дојде во Македонија работел во Кина, Русија и затоа има цел да го спречи влезот на Македонија во ЕУ.

Овој новинар бил единствен присутен на единствениот брифинг на Владата со сите главни уредници пред промена на името кој објави 11 точки од средбата. Владата никогаш не го демантираше.

Политико важи за близок на влијателен член на Владата кој е важен дел од владината пропагандна машинерија.

Доколку Владата преку Политичко влегува во војна со Тимоние прави голема грешка сметаат упатени во збиднувањата во земјава и регионот.

Предходно во директен напад врз Тимоние влезе и екс министерот и амбасадор на СДСМ Ѓорѓи Спасов.

Спасов: Тимоние ја навредува нашата интелегенција