Кој мафијашки бос оди на шалтер и вади лажен пасош без „протекција“

Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4 години. Токму оваа акција ја запчона Наќе Чулев, што значи дека претходните 3 години тие ги преспале, а после министерувањето на Чулев тие продолжиле да молчат за криминалот на мафијата.

Ова го објавува лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој вели дека
требаше ВМРО-ДПМНЕ да одржи брифинг за да има акција, во која по добро познат метод, а со цел да се скрие врвот на власта, настрадаа административни службеници.

“Треба да престанат да ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и да одговорат кој е тој службеник кој на мафијашки бос самоволно ќе му издаде пасош? Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај некој обичен службеник во МВР за да вади пасош?

Живи се фатени во мафијашки скандал. Ако имаме обвинителство, сега треба да се одважи и да реагира”, апелира Мицкоски во своето обраќање.