Ра разлика од премиерот кој споменува и други теми во интервју за ТВ21 адвокатката Ирена Фрчкоска тврди дека на средба со Заев му кажала за писмото на Катица Јанева за префрлање на предметите од СЈО во ОЈО.
Изјавата за тоа што го информирала Заев по 4 минута и 24 секунди
Предходно Заев изјави дека со сопругата на професорот Љубомир Фрчкоски разговарал за логиката Јанева да ги достави предметите во СЈО но и за можноста за олеснување на нејзиниот статус односно за префрлање од затворски во домашен притвор.
“Од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предметите”, изјави Заев за средбата со Фрчкоска за која објасни дека била на пријателска основа.