По денешната изјава на премиерот Ковачевски нејасно е кој лаже за промените на Кривичниот законик и за наводната поддршка од Брисел.

Дали лаже македонскиот премиер Ковачевски кој тврди дека промените на контроверзниот закон се комуницира и со Брисел или лаже Европската Унија која преходно изрази загриженост за промените кои директно ќе влијаат на борбата со корупцијата на високо ниво.


Денеска Ковачевски изјави дека сите процеси вклучително и измените на кривичниот законик се донесени во комуникација со ЕУ.

,Ако некој разговара со ЕУ на дневно ниво, тогаш тоа го прави С. Македонија, бидејќи ние со Албанија водиме скрининг процес. Сите процеси кај нас се на некој начин комуницирани на ЕУ. Кај нас се забележува на бавност и со право, бидејќи многу од работите во многу области одат бавно, а нешто кога оди брзо, мислам дека не треба да му се забележува толку многу. Од американската амбасада рекоа дека ќе го разгледаат тоа што е донесено, што е нормално, а истото го кажа и ЕУ. Измените коишто беа направени се во согласност со законодавства кои важат во ЕУ”, одговори Ковачевски на прашање во врска со забелешките на ЕУ за кривичниот законик.

“Европската комисија е загрижена поради измените на Кривичниот законик кои се донесени забрзано и со злоупотреба на европското знаменце. Забележуваат дека таквите измени директно ќе влијаат врз повеќе случаи за корупција на високо ниво и нивно застарување”, порача преходно ЕУ за контроверзните измами на КЗ.