За денеска е закажано отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“, а во Благоевград.

Во име на претседателот Стево Пендаровски на настанот ќе присуствува генералниот секретар Миле Бошњаковски. Од Кабинетот на претседателот Пендаровски во петокот информираа дека тој добил покана да присуствува на отворањето на клубот, но дека поради претходно закажани обврски нема да присуствува.

На отворањето на клубот присуство најавија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, а ќе замине и делегација од Демократскиот сојуз.

Премиерот Димитар Ковачевски во четвртокот изјави дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, но повтори дека треба да се поттикнуваат и поддржуваат клубови кои имаат цел да ги зближуваат државите и народите.

Тој најави дека Македонија како држава во Благоевград ќе отвори македонски културен центар, каков што имаме во Софија. Министерството за култура веќе ги има подготвено потребните документи, треба да се стапи во контакт со бугарската Влада.

„Писмото за отворање на државниот културен центар ќе биде испратено пред Нова година и врз основа на процедурите, ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград, каде што ќе присуствува и македонската Влада“, рече Ковачевски.

Ковачевски вчера на заедничка прес со бугарскиот колега Донев, го повтори својот став и додаде дека на бугарските институции е да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб во Благоевград.

Бугарската држава Клубот го третира за „приватна иницијатив“ и нема да испрати претставници, за разлика од отвварањето на бугарскиот клуб Иван Михајлов во април кога во Битола допатува бугарска делегација предводена од тогашниот премиер Кирил Петков и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

Градоначалникот на Благоевград изјави дека „нитуи забранил ниту пак дал дозвола за отворање на Клубот.

Од партијата ВМРО-БНД на Каракачанов, најавија протести против отворањето на клубот.

Случајно, и навуивачи на фудбалскиот клуб „Пирин“ за денеска најавија „одбележување годишнина“ од формирањето на клубот.