На Љубомир Фрчкоски не му треба агреман од Обединетите нации за да стане шеф на македонската мисија во светската организација.
За разлика од САД чија влада го одби Фрчковски како кандидат за амбасадор, ОН како мултинационална организација не прави безбедносни проверки за прием на шефови на мисии иако се наоѓа на американско тло.
За упатување на амбасадор во ОН на Фрчковски му е потребно писмо потпишано од една од трите институции кои имаат ингеренции во дипломатијата.
Во тој контекст сега е интересно кој ќе го потпише писмото за Фрчкоски.
Дали тоа ќе биде МНР и министерот Османи , дали ќе биде владата и премиерот Заев или претседателот Пендаровски.
Проблемот за сите горе наведени е што тие со својот потпис ќе се судрат со САД од каде предходно Фрчкоски беше одбиен.
Судирот не е од формална природа или директно прекршување на Виенската конвенција но искусни дипломати велат дека за секоја држава која одбила да издаде агремани за странски амбасадор би било навреда ако државата инсистира добиениот кандидат за амбасадор да биде пратен на нејзина територија, во случајот во ОН во Њујорк.
Постои опција наместо писмото за испраќање на Фрчкоски да биде потпишано од еден од тројцата функционери тоа да биде потпишано од двајца или сите тројца за да се покаже единство за кандидатот но и во тој случај пораката е дека трите главни дипломатски фактори во државата ја навредуваат американската позиција поради која САД го одби Фрчкоски.
Дел од можните причини поради кои кандидат може да биде одбиен амбасадор во Вашингтон е тој да бил во контакт со непријателски служби на САД или да бил поврзан со корупциски синџири кои ја нарушуваат стабилноста на регионот.
Одбивањето на амбасадор во САД и негово именување за амбасадор во ОН може да биде доживеано и како провокација.
Во меѓувреме Македонија цели три години нема амбасадор во САД.