Кој ќе одговара за срамот при пожарот кај Галичник (ВИДЕО)

За време на операцијата за гаснење на огнот во близина на селото Галичник граѓани снимиле срамна ситуација во која едно теренско возило влече противпожарно возило на гостиварската противпожарна бригада кое не може да се искачи по угорнината.

Од одговорноста за неподготвеност за брза интервенција на противпожарната бригада се очекува да бегаат сите, Центарот за управување со кризи, општина Гостивар, МВР и владата.

Државните институции и компании под контрола на државата кои веќе имаат илјадници возила постојано купуваат нови за своите функционери но кога се работи за противпожарни возила и амбулантни коли секогаш недостасуваат.

За време на пожарот во трговскиот центар Глобал во Струмица пред два месеци граѓани видоа активно возило старо над 60 години кое учествуваше во гаснењето.

А денеска нов срам

Како да беше малку срамот со влечењето на противпожарно возило по планината

Пожарот кај Галичник откри уште еден скандал – Каде се “Ер Тракторите”?