Дали идните генерации може да останат без наставници и професори по македонски јазик? Како изминуваат годините се помал е интересот на факултетите за изучување на македонскиот јазик.

Начинот на вработување, недоволно платените просветни работници и немањето мотивација се само дел од причините за дефицит на македонистите, смета професорката по македонски јазик и литература, Марија Иванова, за ТВ24.


Како што рече во догледно време образовниот процес и систем ќе бидат нарушени.

Таа се пожали и дека не се учи историјата на македонскиот јазик, нема натпревари по македонски јазик и бара да се преземе нешто.

Сè помалиот број на студенти на катедрата по македонски јазик и книжевност, Филолошкиот факултет при штипскиот Универзитет се труди да го ублажи со мотивација и стимулирање на идните студенти.

Дека состојбата со македонскиот јазик на универзитетските студии не е сјајна покажуваат и бројките на запишани студенти на катедрите по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип, односно во моментот вкупниот број на активни студенти по македонистика на сите четири студиски години изнесува само 30.