Кој ќе биде уапсен за дефокус од скандалите на власта – пишува Горан Момироски

Во жестока конкуренција во последниве години, неделава зад нас е недела во која се случија најголем број скандали во историјата на Македонија.

Познавајќи ги принципите на работа на оваа власт уверен сум (а истото го кажуваат и шумовите околу Бихаќка) дека веќе неколку дена во врвот на власта се кова план за ново крунско дефокусирање.

Воопшто нема да ме изненади уште вечерва институциите под контрола на врвот на СДСМ да преземат чекори со цел пред јавноста да се покаже дека наводно функционира правната држава. Или народски кажано: “Шио ми га Ѓура”

Согласно аутистичната политичка доктрина на Владата која е под силен притисок од јавноста за недостатокот на вакцини, уште незалечена од бегството на Мијалков, и деновиве нокаутирана со скандалите со Рашковски и фантомската фирма од Хонг Конг, речиси сигурно ќе се реши да го сврти интересот на граѓаните кон друга тема.

Ако можам да претпоставувам, а не е убаво да се споменуваат имиња, мислам дека има најмалку тројца луѓе кои можат да бидат колатерална штета на хаосот во власта кои се на врв на ранг листата која се разгледува во СДСМ.

1. Првиот на листата е екс министер кој досега има сериозно искуство како колатерална штета на предходни скандали.

2. Вториот на листата на отстрел е екс вработен во едно министерство кој не направил никаква штета за државата во случајот за кој се гони но власта размислува со шпански методи од времето на диктаторот Франко да го искористи за дефокус од реалноста.

3. Третиот на листата е бизнисмен кој важи за еден од луѓето кој не е дел од опозицијата а кој од темел ја потресе владата на Заев за време на случајот Рекет во кој самиот бил рекетиран.

Единствениот на мојата очекувана листа за апсење заради дефокусирање а кој нема да биде колатерална штета е еден наш познат иноватор со меѓународни награди кој распишува тендери во име на други институции.

Негова среќа е што “контра – струмичкото” лоби во СДСМ и се уште е слабо и неможе да го убеди премиерот дека е време за апсење на “ѕверки” во врвот на власта.

Се додека еден ден не дојде сигнал од друга локација на еден километар воздушна линија од Илинденска.