Кој ја притиска Софија а го избегнува Каракачанов: ЕУ, Берлин или САД?

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов сега тврди дека Бугарија никогаш не му дала безрезервна поддршка на Скопје.

“На колегите во Скопје постојано им беше кажувано дека договорот не се почитува. Бугарија исто така има свои интереси “, објасни Каракачанов, кој е лидер на бугарската партија ВМРО-БНД.

Каракачанов вели дека за случајот Македонија постојат надворешни фактори кои вршат притисок кон Софија да го повлече ветото за Македонуја во ЕУ.

“Се обидуваат да нè убедат да отстапиме. Тие не се обидуваат да ме убедат лично”, рече вицепремиерот во изјава за бугарските медиуми.

Тој не открива дали бугарската влада е убедувана од Германија како претседавач со унијата, од ЕУ која сака да си го спаси имиџот на сериозен играч кој ги остварува ветувањата за проширувањето или САД кои освен за НАТО беа најсериозен надворешен фактор и за македонските преговори за преговори со ЕУ и инсистираше на потпишувањето на Преспанскиот и Договорот со Бугарија.