Кој испраќа порака: Искршен автомобил на критичар на власта на СДСМ

Рано изутрина околу 4 часот било оштетено возилото на новинарот и екс пратеникот Сафет Бишевац кој важи за критичар на власта.

Засега непознат сторител најверојатно со метална шипка го искршил задното ветробранско стакло на приватното возило марка Ровер старо повеќе од две децении.

Возилото на Бишевац кое е оштетено има пазарна цена од неколку стотини евра и затоа постои сомнеж дека се работи за политички реваншизам и порака до него да запре со критиките кон власта.

Возилото било оштетено пред семејната куќа каде живее а пред него и зад него имало други возила кои не се оштетени што укажува на политички реваншизам кон Бишевац.

Нападот врз возилото на Бишевац во скопското село Љубин а се случува откако предходниот ден тој беше гостин на емисијата ,,Заспиј ако можеш” каде меѓу другото најави дека СДСМ ја очекува целосен распад или ,,Пасокизација” кога и да има избори.

Бишевац беше пратеник и дел од коалицијата предводена од СДСМ до 2017 година но по доаѓање на власта на Зоран Заев тој стана остар критичар на актуелната влада поради криминалот, корупцијата, Преспанскиот и Бугарскиот договор.

Инцидентот е пријавен во МВР од каде официјално преземаат мерки за наоѓање на напаѓачот.

Емисијата која предходеше на нападот врз возилото на Бишевац