Кој и зошто не покажа почит за националната химна на трибината на СДСМ во Скопје (ВИДЕО)

Јавното пеење на ,,Денес над Македонија се раѓа”, не е апсолутен доказ за нечија љубов кон Македонија но кога тие што ја водат држава не го почитуваат овој национален симбол и не ги пејат стиховите посветени на создавањето на земјата, на делата на Гоце, Сандански се поставуваат низа дилеми.

На вчерашната трибина на СДСМ дел од челните луѓе на партијата воопшто не ја пееја и не покажаа почит за македонската национална химна.

Меѓу тие што не ја пееја националната химна се вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорката на управата за јавни приходи Сања Лукаревска со што отворија дилеми зошто тие не го испочитуваа националниот и државен симбол.

Причините за непеењето на Битиќи како етнички Албанец може да се претпостават затоа што на пример и други Албанци, како членовите на фудбалската репрезентација, не ја пејат националната химна за време на интонирање.

Зошто Лукаревска не ја пееше химната може да нагаѓа но освен можноста таа да не ги знае стиховите не може да се исклучи дека таа нема емоции за химната која кај сите што ја сакаат Македонија вообичаено буди силни емоции.

Друга причини зошто Битиќи и Лукаревска не ја пееја националната химна може да се поврзани со многу тешката ситуација во ресорите што ги водат, економијата и наплатата на даноци, поради што не им е дојдено до пеење.

Кој пее а кој не пее додека се интонира химната на собирот на СДСМ во видеото од 2 до 4 минута.