Кој е вториот функционер што не го спречил скандалот со уапсените македонски дипломати

Поранешниот технички премиер и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е вториот висок владин функционер кој има своја улога во скандалот со двајца уапсени македонски дипломати кои шверцувале ерменски државјанин со помош на македонски дипломатски пасоши.

Покрај вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кој како шеф на дипломатијата не презел соодветни активности кога дознал за случајот своја вина што скандалот трае повеќе од три години има и министерот Спасовски.

Спасовски засега молчи за скандалот иако во 2018 година кога тој се случил исто како и Димитров добил формална информација дека македонски дипломати се гонат за кривично дело во странство.

Во јавноста засега нема информација дали Оливер Спасовски го известил Јавниот обвинител за стореното меѓународно кривично дело на двајцата дипломати од МНР?

Според законските претпоставки Спасовски имал службена должност да го извести Јавното обвинителство за кривичните дела за кои тој добил информации од Интерпол или од други пријателски полиции или тајни служби.

И за Спасовски исто како и во случајот со Димитров нејасно е зошто не е реагирано навреме за да се спречи скандалот кој и нанесува огромна штета на Македонија во меѓународни рамки.

Повеќе детали за скандалот и за првиот по ранг функционер кој можел да спречи резил за Македонија.

Најмалку 6 високи владини функционери инволвирани во скандалот со уапсени дипломати