Кој е вториот човек вратен од НАТО испратен од Пендаровски и Шеќеринска

Во скандалот во кој НАТО одбила да даде безбедносен сертификат со неиздавање на агреман за полковникот Секуловски има и втор македонски претставник кој исто така не го поминал системот на безбедносни проверки на алијансата.

Најверојатно поради контакти со странски ривалски или непријателски служби на НАТО од алијансата е вратен и соработник на полковникот Секуловски во седиштето на алијансата во Брисел.

Се работи за цивилно лице во служба на АРМ за кого како и за Секуловски контраразузнавачката служба на НАТО не можела да даде зелено светло да станат дел од тајните протоколи на алијансата.

Според она што го тврдат добро упатени извори вториот вратен имал член на семејство кој бил поранешен офицер на ЈНА.

Се уште не е целосно јасно дали е утврдено коруптивно однесување или пак непријавени активности со непријателски служби на високите претставници во мисијата на Македонија во НАТО ?

Ако се анализира изјавата на Пендаровски според кој корупција не е тема за македонските претставници најверојатно се работи за контакти со ривалски служби и држави на НАТО.

Досега официјално ниту министерката Шеќеринска ниту Пендаровски како најодговорни за скандалот не откриваат официјални детали кои се луѓето кои имале контакт со странски служби или пак биле инволвирани во висока корупција која можела да ги претвори во ранливи мети и со тоа да ја наруши безбедноста на НАТО.

Поврзано

Не се знае ни кој пие ни кој јаде, но се знае кој и кому плаќа

Враќањето на претставници од НАТО открива неред во македонските тајни служби

Последна вест

Чии биле системите за следење надвор од УБК

Афера “Прислушување” – Жолтите комбиња на Груевски не биле шега